Родова еднаквост

ЈЗУ Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје доследно ја негува својата посветеност на принципите на еднаквост, недискриминација и инклузивност. Преку усвоениот План за родова еднаквост (Gender Equality Plan), Институтот поставува јасна рамка за промовирање на еднакви можности во вработувањето, професионалниот развој, лидерските улоги и академската и истражувачка работа.

Со оглед дека жените сочинуваат значителен дел од вработените, а воедно постојат категории во кои се потребни дополнителни охрабрувања за рамноправна застапеност, Планот ја нагласува важноста на балансирана родова структура. Тој вклучува мерки за поттикнување на учество на помалку застапениот пол, зајакнување на лидерските капацитети и овозможување подобар баланс меѓу професионалниот и приватниот живот.

Оваа посветеност не е само законска и институционална обврска, туку и вредност што директно придонесува за квалитетот на здравствената заштита и за создавање иновативна, етичка и инклузивна работна средина. Со редовно следење и транспарентно известување, Универзитетскиот институт за радиологија ја демонстрира својата решеност да остане пример за општествено одговорна и родово чувствителна установа.

Во продолжение се достапни за превземање двата усвоени документи: „План за родова рамноправност“ (македонска верзија) и „Gender Equality Plan“ (англиска верзија).