За Нас

Општи податоци-од статутот

Јавна здравствена установа Универзитетски институт за Радиологија Скопје (во натамошниот текст Универзитетски институт) е јавна здравствена установа со права, обврски и одговорности утврдени со закон, колективен договор, статут и други општи акти. Универзитетскиот институт има својство на правно лице запишано во Централниот регистар на Република Македонија.

Основач на Универзитетскиот институт е Владата на Р.Македонија.

А-Назив,седиште и краток историјат на институцијата

Скратениот назив на Универзитетскиот институт е: ЈЗУ Универзитетски институт за Радиологија-Скопје. Седиштето на Универзитескиот институт е во Скопје, општина Центар, ул.Белградска бб. во состав на Универзитетскиот Клинички Центар “Мајка Тереза”-Скопје.

Формирањето на тогашниот Клиника за Радиологија датира од далечната 1947 година, кога е втемелен во рамките на Медицинскиот факултет-Скопје. Тоа е година на формирање на организирана радиолошка служба на Р.Македонија и формирање на радиологијата како посебна научна дисциплина. Вистинскиот процвет институцијата го доживеа во 1967 година кога е изградена новата зграда и се пуштени во употреба новите простории на Клиниката за Радиологија кои и до денес се користат. Во 70-тите и 80-тите години Клиниката за Радиологија бил водечки радиодијагностички и терапевтски центар во Југославија и во овој дел на Балканот. Во тие години се регрутираат способни млади специјалисти кои постојано воведуваат нови методи.

Клиниката со тоа го остварува вечниот сон со радиологија да се занимаваат само специјализирани кадри за таа струка. Клиниката брзо се афирмираше и едуцираше кадри за потребите на цела Р.Македонија, Косово и Јужна Србија. Континуираниот развој на радиологијата ја наметна потребата од диференцирање на оваа научна дисциплина на радиодијагностика и радиотерапија како две самостојни специјалности што доведе и до формирање на два самостојни институти:

  • Клиника за радиологија
  • Клиника за радиотерапија и онкологија.

Од таа 1980 година Клиниката фунционира самостојно.

ЈЗУ Универзитетски инситут за Радиологија-Скопје произлегува од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Радиологија-Скопје која е формирана со одлука на Владата на Р.Македонија со поделба на Јавната Установа Универзитетски Клинички Центар-Скопје, бр.19-388/1 од 26.06.2007 година, а со датум на регистрирање од 05.09.2007 година како самотојна јавна здравствена институција. Согласно Одлука на Владата бр.19-3434/1 од 08.07.2008 година го пререгистрира Инситутот за Радиологија во Јавна Здравствена Установа Универзитетска Клиника за Радиологија-Скопје. Според новиот предлог статут од Владата на Р.Македонија, од март 2018 година ЈЗУ УК за Радиологија продолжува да работи како Универзитетски институт за Радиологија.

Б- Структура на организацијата

Внатрешната организација на работата на ЈЗУ Универзитетски институт за Радиологија-Скопје се заснова врз начелото на достапност, рационалност и контунуираност на здравствената заштита, како и врз современите достигнувања на медицината и дригуте науки.

За остварување на целите од предходниот став работата во ЈЗУ УИ за Радиологија-Скопје се организира во оддели, отсеци, служби, сектори и др.

Постојат следните оддели:

  • Оддел за торакална радиологија;
  • Оддел за педијатриска радиологија;
  • Оддел за абдоминална радиологија;
  • Оддел за мускулоскелетна радиологија;
  • Оддел за ултразвучна дијагностика;
  • Оддел за гинеколошка радиологија и радиологија на дојка;
  • Оддел за генитоуринарна радиологија;
  • Одде за неуро радиолоогија и интервентна васкуларна радиологија;
  • Оддел за компјутеризирана томографија и магнетна резонанца;
  • Оддел за ургентна радиологија (деташиран во објектот на хирушки клиники).

Служба за административно-право и општо работење; служба за економско-финансиско работење.

Раководен орган е Медицински Директор на институтот в.д. медицински директор д-р. спец. радиолог Гордана Антулеска-Белческа. Конституиран е Управен Одбор како орган на управување кои брои 5 (пет) членови.

В-Организациона поставеност

Кадровска екипираност

На институтот за Радиологија се вработени вкупно 110 лица.

Опременост

Инсталиран е софтвер за пресметка за плати, за материјално книговодство и финанскиско работење, а закажувањето на прегледите се спроведува преку програмата “Мој Термин” преку Министерството за здравство.

Извршена е и компјутеризација на шалтерската служба и сметковоството како и компјутеризација на лекарските соби.

Институтот за Радиологија не хоспитализира пациенти. Работи со амбулански пациенти кои доаѓаат од целата држава и надвор од неа. Како и со болнички (лежечки) пациенти од интернистичките клиники, хирушки клиники и останатите здравствени институции кои произлегуваат од Клиничкиот Центар. Постојат 15 дијагностички простории, анестезиолошка просторија која е истовремено и соба за интервенции, 12 лекарски соби и просторија за читање на резултати, едукација на специјализанти и за меѓусебна консултација на лекарите специјалисти.