Оддел за ултразвучна дијагностика

Одделението работи со апарат од фирмата TOSHIBA и има две сонди, од кои едната е конвексна од 3.75 MHz, другата линеарна од 8 MHz.

Основните дејности на одделението се:

  • Рана и точна ултрасонографска дијагностика на болестите на:
    • Абдоменалните органи
    • Уринарен тракт и ретроперитонеум
    • Органите во карличната празнина
    • Вратната регија
    • Меките делови и зглобните простори.
  • Едукација и доедукација на:
    • Специјализанти по Радиологија
    • Специјалисти Радиолози
    • Специјалисти од други специјалистички гранки.

Работното време на одделението е од 08.00 – 14.00 часот.

Прегледите се вршат во претходно закажаните термини, додека итните случаеви се прегледуваат веднаш.
Прегледите се закажуваат директно на шалтерите за закажување или пак на:

02 / 31 47 582
од: 08.00 – 12.00 часот.