За нас Услуги Оддели Персонал Контакт

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДИГЕСТИВНА РАДИОЛОГИЈА

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АБДОМЕНАЛНА РАДИОЛОГИЈА

Една од поголемите дијагностички целини на Клиниката за Радиологија се и Одделенијата за Дигестивна и Абдоменална радиологија.
Секојдневно се изведуваат бројни конвенционални радиолошки испитувања на дигестивната цевка и имицинг дијагностички процедури на абдоменот со примена на ултразвук, компјутерска томографија и магнетна резонанса.
Прегледите се изведуваат според утврдени и стандардизирани процедури, како и со примена на нови и модифицирани дијагностички процедури, со кој се зголемува квалитетот на прегледите.
Вработени се 4 лекари, тројца специјалисти по радиодијагностика и еден на специјализација. Двајца доктори на медицински науки, редовен професор и доцент и еден примариус.
Вработени се и 4 медицински сестри кои учествуваат при прегледите кои се изведуваат на дигестивната цевка и абдоменот.
Прегледите се изведуваат на претходно закажани пациенти кои се запознаени како треба да се подготват и припремат за прегледот кој кај нив треба да се направи. Исто така секојдневно се прегледуваат и повеќе итни пациенти, каде што природата на болеста не дозволува одлагање на прегледот.
Се изведуваат контрастни испитувања на езофагусот, желудникот, тенкото и дебелото црево. Пациентите на преглед доаѓаат наутро, гладни, при што преку устаа внесуваат бариумова каша, а за преглед на дебелото црево доаѓаат гладни и прочистени при што преку чмарот се дава бариумова каша и возду наизменично во текот на прегледот. Резултатите ги добиваат подоцна во текот на денот од 12,00 до 14,00 часот.
Радиолошкиот преглед на дигестивната цевка не е поврзан со болка, единствено при прегледот на дебелото црево може да почувствуваат нелагодност.


Дијагностички Rtg. прегледи:


- Акт на голтање
- Езофагографија
- Гастро - дуоденографија
- Тенкоцревна пасажа
- Иригографија
- Фистулографија

Од имиџинг дијагностичките процедури се изведуваат прегледи на апаратот за ултразвук, компјутеризирана томографија и магнетна резонанса.
Ултразвучен преглед се изведува на абдоменалните органи: црниот дроб, со жолчното кесе и жолчните патишта, панкреасот, слезената, обата бубрега и надбубрежните ложи, парааорталниот простор, интраперитонеалниот простор, мочниот меур и простата кај мажите и матката и јајниците кај жените. Се изведуваат и прегледи на апендиксот, желудникот, тенкото и дебелото црево, но истите не спаѓаат во групата на рутински ултразвучни прегледи и за нив е потребно соодветно знаење и вештина од страна на лекарот кој го врши прегледот.
Се применува и ултразвучно испитување на скроталното кесе и тестисите, на плувачните жлезди, вратната регија и тироидната жлезда.
Исто така се врши преглед и на мекоткивните промени на било кој дел од телото, мускуло - скелетните структури и зглобовите.
Итни ултразвучни прегледи се изведуваат и во Ургентниот хируршки центар и во КАРИЛ.
Компјутеризираната Томографија се користи за преглед на целиот абдомен при што се применуваат конвенционални и модифицирани техники на прегледвоведени од страна на нашите лекари. Овие прегледи се изведуваат на претходно гладни пациенти, со давање преку уста на 2% раствор на гастрографин од 750-1000 ml и интравенски контраст околу 60 ml. Пациентите се запознаени со можните несакани и алергични реакции кои може да ги предизвика контрастното средство и истото се дава по предходна согласност од пациентот. Кај алергичните пациенти не се применува контраст.
Модифициран КТ преглед со поголема дијагностичка точност се изведува на желудникот и дебелото црево, при што истиот се применува кај одредена група на пациенти кои имаат потреба од истиот. За начинот на кој ќе биде прегледан пациентот одлучува лекарот.
Сега на Клиниката за Радиологија се употребува спирален КТ кој прави 4 пресека во секунда, така да прегледот на абдоменот се изведува за неколку секунди, односно пациентот зема воздух, го задржува здивот, се снима абдоменот и пациентот го издишува воздухот. Потоа следува подолготрајниот процес, обработка на пресеци, правење на снимки и поставување на дијагноза.

Магнетна резонанса се прави на абдоменалните органи при што се овозможува поголем степен на дијагностичка точност, како и споредување на наодот со наодот од претходните дијагностички процедури. Се врши испитување на паренхимните и шупливите абдоменални органи, со можност за реконструкција во повеќе рамнини, како и со можност за приказ на крвните садови и билијарните патишта.

 

 
За нас Услуги Оддели Персонал Контакт
УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА РАДИОЛОГИЈА - 2009, Сите права задржани, Design by ©Print Mark