За Охрид
Охрид е поголем град во југозападна Македонија на брегот на Охридското Езеро. Како град со огромна историја и наследство, беше прогласен за УНЕСКО заштитена област во 1980 год. Сместен помеѓу високи планини со надморска висина од 2800 м и Охридското езеро, градот не е само место со историско значење туку и неверојатна природна убавина. Охрид е бисерот во Македонската круна. Охрид е најголемиот град на Охридското езеро и осмиот град по големина со над 42.000 жители. Охрид е познат и по тоа што во минатото имал 365 цркви, по една за секој ден во годината и бил нарекуван “Ерусалим на Балканот”.
Историјата на Охрид
Овде цивилизацијата постои повеќе од 3000 години. Според легендите, Охрид бил основан од Кадмос пред 2400 години, под името Лихнидос. Охрид претставува вистинско археолошко богатство. Во овој регион постојат многу археолошки наоѓалишта од Неолитскиот период. Најстарото забележување на градот Лихнидос – античкото име на Охрид, е поврзано со Филип Втори Македонски (353 ВС). Овде Словените се населиле во 6 век и градот го нарекле Охрид. Средновековниот град Охрид отсекогаш бил значаен културен и економски центар, кој претставува комбинација од природна убавина и човечка уметност. Во карпите на северната страна од езерото се кријат тајните на многу цивилизации – античкиот театар, раните Православни базилики, бројни цркви изградени помеѓу 9 и 14 век, повеќе од 100 м2 фреско мемоари, богата галерија со икони, манускрипти и други раритети. Фактот дека Охрид бил желба на многу кралеви, бишопи, говори дека Охрид е дестинација која секој би сакал да ја посети. Прекрасната архитектура од 14 век во стариот дел на Охрид, со тесните градски улички, креира чувство на уникатна хармонија и убавина. Убавината и виртуозноста го привлекуваат вниманието на туристите, но и на многу експерти. Еден специјален културен монумент е старата чаршија – стари продавници полни со рачни изработки – филиграни, бисери...
Кон крајот на 9 и почетокот на 10 век, поради активностите на Св. Климент и Наум во Охрид, Охрид бил најстариот културен храм во светот на Словените. Тука е поставен првиот Словенски универзитет, многу пред Болоњскиот универзитет, кој бил прв извор на словенската писменост и култура. Кон крајот на 10 век, Охрид станал центар на првата средновековна држава Македонија – под водство на Самоил. Неколку векови Охрид  бил седиште на автокефалната Охридска Архиепископија, се до 1767 год., кога Отоманските Турци ја забраниле (Охридската архиепископија била обновена 200 години подоцна, во 1967 год. под Македонската Православна црква).
Културни настани во Охрид
Традицијата за Охрид како културен центар е жива и ден денес. Славни светски имиња од областа на уметноста се собираат во овој град, особено во летниот период. Музичкиот фестивал Охридско лето кој се одржува од 12 Јули до 20 Август – е настан кој се одржува веќе 32 години и вклучува гостувања од различни полиња: режисери, музичари, артисти, писатели, сликари со светска слава. На почетокот на летото се одржува Балканскиот фестивал на музика и театар, на кој учествуваат ансамбли од Балканот и околните земји. Секој Септември Охрид е домаќин на музичкиот фолклорен фестивал – Охрид - песни на стариот град. Во чест на славниот поет Григор Прличев во Април се одржува настанот Денови на Прличев, а македонци од секаде во светот се обединуваат во Август во Охрид за семинарот на Македонскиот јазик, литература и култура.
Атракции во Охрид
Црквата Св. Софија е еден од најважните споменици кој според архитектурата и дизајнот потекнува од средовековието. Оваа црква била синодот на Охридската архиепископија, а подоцна била претворена во џамија. Во нејзината внатрешност се сочувани трагите на неколку временски периоди: фрески од 11, 12 и 13 век кои ги претставуваат најзначајните достигнувања на Византиското сликарство за тоа време. Главниот дел на црквата бил изграден во 11 век, а надворешните додавања биле изградени од архиепископот Григорие во 14 век.
Црквата Св. Климент се наоѓа во стариот дел на Охрид, во близина на Горната порта. Таа е една од најубавите и најстари цркви во Охрид. Изградена е во 1295 год. Фреските во оваа црква се едни од првите дела на најпрестижните македонски сликари на икони Михаел и Ефтихије. На ѕидовите на оваа црква, со неверојатна моќност овие двајца сликари ги доловиле сцените од животот на Исус Христос и мајка Богородица. По уништувањето на црквата на Климент Св. Пантелејмон, реликвиите од Св. Климент биле префрлени овде и од тогаш жителите на Охрид ја крстиле црквата Св. Климент. Кога најголемата црква во Охрид, Св. Софија, била претворена во џамија, Св. Климент станала синод на Охридската архиепископија. Во овој период, многу црковни предмети, манускрипти, икони, книги, биле преместени овде, а некои се сочувани до денеска. Во оваа црква се наоѓа најубавата галерија на средновековни икони (вкупно 30). Секоја од овие икони имаат висока вредност и уметнички квалитет.
Манастир Св. Јован Богослов во Канео: Црква посветена на СВ. Јован Богослов. Има писмен доказ за времето нанејзината изградба, но се верува дека потекнува од 13 век. Донаторот и сликарот на иконите во црквата не се познати. Значајно за архитектурата на оваа црква е уникатната комбинација на византиски и ерменски елементи, што креира омилено место за истражување на средновековните споменици во Охрид. Фреските во најголем дел се уништени. Сошувани се само фрагменти од фреската на олтарот која претставува ”Порака на Апостолите”, портрет на Св. Климент, Св. Еразмо и Константин Кавасилис.
Црквата Св. Пантелејмон на Плаошник: Изградена е во 9 век од заштитникот на градот Свети Климент, врз темелите на постара црква. Доказ за тоа е базиликата откриена во археолошките истражувања. Оваа црква е посветена на Св. Пантелејмон. За жал, црквата била уништена од Отоманите кои изградиле џамија врз неа. Џамијата потоеше до 2000 година, кога е легално урната за да се обнови црквата на Св. Климент.
Самоиловата тврдина: Тврдината на Охрид се спомнува во ракописи уште во 476 год. Денешната тврдина се поврзува со името на цар Самоил, кој најверојатно ја проширил и изградил тврдината кога го избрал своето седиште. Ова е најмонументална градба од овој период. Тврдината денес има 18 кули и 4 порти. Централниот дел од тврдината има ѕид кој е висок 10-16 метри и има силни одбранбени кули следени од ѕидини во насока на езерото.
Старата Охридска чаршија: Ова е еден од најживите делови на Охрид, особено во пазарните денови, каде бројни муштерии освен прехрамбени производи, може да купат и разни рачно изработени предмети. Особено интересни се глинените производи, старите македонски музички инструменти и славните македонски везови.
Црквата на Св. Никола Болнички: Лоцирана е блиску до брегот на езерото. Изградена е во 1313 год. Сликите на ѕидовите потекнуваат од неколку периоди. Неколку се особено значајни: “Успение на Пресвета Богородица”, ”Преображение Христово”, ”Влегување во Ерусалим”, исто така фигурите на Св. Климент, Св. Никола и Св. Пантелејмон кои се прикажани во природна големина, како и сликите на светите воини Теодор Тирон и Стралитат. Неколкуте икони во црквата исто така се со специјална вредност, најзначајната е латинската (религиска поворка) икона посветена на Св. Наум. 
Црквата на Света Богородица Болничка: Се наоѓа во близина на црквата на Св. Никола Болнички. Дворот на црквата е ограден со висок ѕид, а во во дворот се наоѓаат неколку гробови на монаси или калуѓери и заедничка гробница на многу жители на Охрид. Во црквата има неколку вредни икони и дрвени иконостаси, изрезбани од Никола од Дебар.
Црквата на Света Богородица Захумска: Оваа црква се наоѓа во близина на рибарското село Трпејца, 20 км од Охрид. Црквата претставува споменик на основачот Гргур, кој ја изградил во 1361 год. И покрај тоа што сликите се оштетени, сочуваните делови го покажуваат неверојатниот талент на непознатиот сликар, особено неговиот осет за природна експерсија и боење.
Античкиот театар: Ова е театар од Хеленистичкиот и Романскиот период. Лоциран е во античкиот дел на Охрид, Варош, во областа на Високо Кале и Горен Сарај на улица Илинденска. Покрива површина од 400 м2. Во театарот се одржуваат многу културни манифестации како фестивалот Охридско лето, кој се одржува тука секоја година.

Манастир Св. Наум Охридски: Овој манастир не е во Охрди туку во неговата околина. Лоциран е на само 2 км од границата со Албанија, на карпи, на 28 км од градот. Може да се каже дека е во околината на Охрид, затоа и го спомнуваме овде. Изграден е од монархот Св. Наум Охридски, ученик на Св. Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа. Кога ќе влезете внатре, ако го ставите увото на неговиот гроб, може да го слушнете звукот на водата од Охридското езеро и покрај тоа што сте 30 метри повисоко од нивото на езерото. Денеска, тука е хотелскиот комплекс Св. Наум, кој е поделен на соби за туристи и дом на свештениците.