Хотел Гранит е лоциран на крајбрежјето на Охридското езеро, во месноста Св.Стефан, 5км од центарот на Охрид и 12км од аеродромот во Охрид Хотел Гранит е модерен хотел со четири ѕвезди. Располага со резиденција, ресторан, кафе-бар, големи тераси и сопствена песочна плажа.
Песочната плажа на хотелот е идеално место за одмор и релаксација.Базенот кој е во комплексот на хотел Гранит претставува вистинско место за релаксација и одмор. Неговата длабочина од 1,4м е идеална за оние кои сакаат да пливаат или едноставно да се одморат и освежат. Уживањето ќе ви биде збогатено со водената масажа во базенот.
Сместувачкиот капацитет е 1 претседателски и 1 резидент апартман, 22 апартмани, 9 еднокреветни и 86 двокреветни соби. Сите соби имаат директна телефонска линија, сателитска и кабелска телевизија,бежичен Wi-Fi интернет пристап и мини бар. Исто така располага со соби кои се целосно прилагодени за лица со посебни потреби.Двокреветна соба.Апартман за лица со хендикеп.Тоалет во апартманот за лица со хендикеп.